Во книгата се опфатени 2.000 имиња. За секое име се дадени неговото потекло, значењето и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено.
Дополнително, за секое име е наведено кога слави именден, односно со кој светител, или со кој новозаветен настан, е тоа поврзано.

